Како да го преживеете следниот ден ако сте работеле цела ноќ?

21

rabota-nokje

Фото: Pixabay

Работевте цела вечер, ја вложивте сета ваша енергија за да ја завршите задачата/проектот. Сепак, утре е работен ден и ве чекаат уште многу обврски што треба да ги исполните.

Како да си помогнете во вакви ситуации? Науката има неколку одговори:

Не го одложувајте станувањето

Научниците велат дека тие дополнителни 10-тина минути нема да ве одморат. Затоа не го одложувајте станувањето од кревет.

Појадувајте

Појадокот треба да биде во првиот час од будењето. На тој начин храната ќе влијае на подобрување на расположението. Избегнувајте да јадете слатки работи, во спротивно за кратко време ќе почувствувате слабост и недостаток на енергија. Практикувајте житарки и протеини.

Кафе

Наутро е доволно само една мала шолја кафе. Не е пожелно да пиете големи колични веднаш по станувањето.

Излезете надвор

Природната светлина ја зголемува вашата енергија и ја регулира температурата на телото. Утринското сонце може многу да помогне, особено е добро за очите, па затоа оставете ги наочарите за сонце.

Работа

Во првите неколку часа посветете им се на најтешките задачи, бидејќи тогаш сте во најдобра форма и имате најголема концетрација.

Ручек

Ручекот треба да биде лесен и да содржи зеленчук и протеини. Одбегнувајте тежок масен оброк. По ручекот слободно може да се напиете уште едно кафе, кога ќе се почувствувате поспано, но гледајте тоа да биде пред три часот попладне. Кофеинот останува околу 7 часа во организмот. Не треба да си ја уништите и следната вечер.

Остатокот од денот

Остатокот од работниот ден исполнете го со рутински, вообичаени работи. Концентрацијата тогаш опаѓа и не се препорачува да се посветите на некоја сложена задача.

За крај

По можност заминете си порано од работа, и така не функционирате како што треба.