Како да го придобиете вашиот шеф?

47

kolegi

Фото: Pixabay

Сакате да бидете што поуспешни и поомилени на работното место? Прво што треба да направите е да му помогнете на вашиот шеф да биде успешен. Така ќе ги добиете потребните симпатии, а со време претпоставениот ќе стане и ваш ментор.

Ќе бидете поблиску до важните информации и проекти, а најважно од сè е што и самите ќе почувствувате како е да се биде на таа позиција и ќе научите многу.

Запознајте го вашиот претпоставен

Треба да знаете што бара шефот од вас и како на најдобар начин да одговорите на задачата. Дознајте дали сака состаноци во живо или преферира комуникација преку мејл и сето она што е потребно за правилно да ги сработите вашите обврски.

Препознајте ги целите

Ваша цел е да знаете за што е одговорен вашиот шеф. Вклучете се со ваши идеи и предложете му/и да сподели со вас дополнителни информации за да можете и вие да помогнете.

Не дозволувајте некој да го изигра вашиот претпоставен

Ако забележите дека вашите клиенти работат нешто што не треба, информирајте го шефот навреме. Никој не сака работење зад грб, па вашиот претпоставен ќе ви биде благодарен ако го предупредите.

Не досадувајте со неважни работи

Шефовите немаат време за тривијални прашања. Административните работи можете да ги дознаете од некој колега. На шефот поставувајте му само важни и концизни прашања во врска со работата и целите на компанијата.

Почитувајте ги роковите

Кога ќе добиете задача трудете се максимално да ја завршите во предвидениот рок, но бидете подготвени и за евентуални промени во последен момент.

Презентирајте решенија, а не проблеми

Размислувајте проактивно и покажете се како личност од акција. Ако имате одреден проблем со некој колега прво зборувајте со него/неа, па потоа одете кај шефот и кажете што сте презеле во врска со ситуацијата.

Исполнувајте ги ветувањата

Ако сте ветиле дека до крајот на неделата или до одреден ден извештајот ќе ви биде готов, така треба и да биде. Претпоставените најмногу ги ценат оние вработени на кои можат да се потпрат во секој момент, без разлика на сè.