Како да изградите препознатлив бренд

Секој бренд, дури и најмалиот има низа клучни пораки. Ако добро сте ја поставиле маркетиншката стратегија, вие сами ќе влијаеете на овие пораки. Овде не станува збор за слоганите кои ќе ги напишете туку за вредностите кои ги пренесувате.

Тоа бара сериозна работа и подготовка. Еве како да напишете пораки кои луѓето ќе ги памтат и поврзуваат со вас.

Кои сте вие?

Кога почнувате да работите на проектот креирање на пораки на брендот кои луѓето ќе ги памтат, прв основен чекор е детално да одговорите на следниве прашања:

  • По што се разликувате од конкуренцијата?
  • По што сте единствени?
  •  Која е вашата целна група и што ги интересира?
  • Кои се вашите цели?
  • Кои се вашите вредности? 

Запознајте ја целната група

За да креирате пораки кои ќе допрат до вашата целна група, потикнете емоции и наведете да ги запаметат и се сетат секој пат при одлучувањето во изборот на одреден бренд, неопходно е да знаете со кој разговарате.
Морате добро да ги истражите сите потреби, предизвици и роблеми кои ги имаат луѓето со кои комуницирате, а потоа јасно и директно да формулирате порака која ќе им даде до знаење дека вие сте тие кои може да им помогнат и понудите решение на она што во моментот ги мачи.

Размена на идеи

Пред да почнете да формирате тим за brainstorming, запомнете дека овде не мора да бидат само креативци, туку и луѓето ко се важни за вашиот бренд и кои учествувале во неговото креирање и поставување на здрави нозе.

Започнете разговор и не очекувајте дека на првиот состанок ќе дојдете до генијално решение.

Почнете да пишувате

Луѓето најмногу сакаат приказни, дури и оние кои не се љубители на читањето. Кога ќе почнете со пишување, клучните информации сами ќе почнат да се издвојуваат.

Да бидете маркетинг менаџер значи да конструирате и одржите комплетна приказна за брендот, во која луѓето ќе веруваат и ќе ја сакаат.

Фото:Pexels