Како да излезете на крај со незадоволни клиенти

106

Грижата за клиенти е клучна за секој бизнис. Компаниите и вработените се грижат на нивните купувачи ништо да не им недостасува, односно да ги задоволат нивните побарувања и потреби. Сепак, понекогаш ќе се најде незадоволен клиент со кој ќе треба да се излезе на крај.

Во ваков случај експертите советуваат дека купувачот прво треба да се “разоружи“, односно да се елиминира неговиот гнев и незадоволството.

Најдобар начин за тоа да се постигне е клиентот да се ислуша, да му се даде до знаење дека неговото мислење веднаш е земено предвид. Што побрзо се реагира тоа подобро, велат експертите. Иако понекогаш се случува со некого да не можете да  вразумите, најголем број од луѓето разбираат кога добро ќе им се објасни.

Откако ќе ги ислушате, на љубезен начин објаснете зошто е ситуацијата каква што е и зошто така сте постапиле. Во ниеден момент не им велете дека грешат.

Нормално е на некои луѓе да им се допадне одредена работа, а некои да не го делат тоа мислење. Ваше е умешно да излезете на крај со незадоволните, на мирен начин.

Живееме во прилично бучен свет, каде секој може да крене глас и да изрази незадоволство. Она што е важно е да не придонесеме на таа бучава со уште едно викање.

Клиентите сакаат да бидат слушнати, како и секој човек. Затоа, бидете од оние кои умеат да ја “смират топката“ за доброто на сите.

Фото: Pixabay