Како да ја донесете вистинската одлука?

28

pravec-pexels

Фото: Pexels

Како што секој човек е приказна за себе, така не постои еден универзален начин или формула според кои луѓето донесуваат одлуки.

Секој од нас е производ на долгата низа одлуки што сме ги направиле во животот. Затоа е многу важно да бидат вистинските.

Кога донесуваме одлуки правиме избор помеѓу две алтернативи, а не помеѓу добро и лошо.

Нагли и предвремени одлуки не се препорачуваат.

Одбирањето на вистинската алтернатива во погрешно време не е подобро од изборот на лошата алтернатива во вистинското време.

Запишете ги добрите и лошите страни на потенцијалната одлука. Така ќе имате подобар увид во работите и појасно ќе размислувате.

Донесувајте одлуки попатно. Не дозволувајте да се акумулираат.

Не ги заборавајте оние врз кои влијае вашата одлука. Секогаш кога е можно вклучете ги во донесувањето на истата, за да се зголеми нивната заложба.

Никогаш не можете да бидете 100% сигурни дека одлуката што сте ја донеле е онаа вистинската. Тоа не може да се знае сè додека не се спроведат акциите за нејзино имлементирање. Затоа не се грижете премногу.

Ефикасниот менаџер мора да го има привилегираното право да згреши.

Не губете време во носење на одлуки што не мора да се донесат.

Повеќето од одлуките што ги носите се неважни – околу 80%. Одредете ги границите и оставете ги останатите вработени да одлучат место вас.

Секогаш одвојте време да размислите како одлуката би се имплементирала. Тоа е составен дел од процесот.

Разменете алтернативни решенија со тимот за да добиете свежи идеи.

Одбегнувајте долги анализи и пролонгирани одлуки. Одлучете и спроведете.

Штом ќе ја донесете одлуката, не вртете се назад. Наместо тоа, фокусирајте се на следниот чекор.