Како да носите подобри одлуки

188

Дури и малите и не толку важни одлуки понекогаш можат да ни зададат главоболка и несоница. Но, како да постапиме кога треба да се донесат големи одлуки од коишто зависат и други луѓе?

Временска граница

Ако си поставите временско ограничување за одлуката, ќе мора побрзо да размислувате, да испитате што оди во прилог, а што не и побрзо да одлучите. Понекогаш премногу анализирање “распаметува“.

Контрола врз она што е возможно

Бесцелно е да се грижите за нешто врз што немате контрола. Затоа, фокусирајте се само на работите врз кои можете директно да реагирате. На тој начин помалку ќе губите време.

Фокус на целта

Одлуките треба да се носат во име на целта. Вашата замисла нека ви биде водилка, пред да го кажете конечниот збор. Ако сакате полесно да одлучите, запрашајте се дали она што мислите да го направите ќе биде добро за долгорочниот план.

Прифатете ја несигурноста

Не се плашете од одлуката. Понекогаш и најпресметаното решение може да излезе погрешно. Што побрзо прифатите дека ништо не е 100% сигурно, толку полесно ќе одлучувате.

Проверете дали може да се премислите

Некои одлуки се финални и штом се донесат нема премислување. Но, има и такви што можат да се повлечат. За овие вторите не треба да се губи многу време од причина што грешката може да се поправи.

Фото: Pixabay