Како да организирате совршена корпоративна новогодишна забава

360

Корпоративните новогодишни прослави се дел од секоја успешна компанија. Доаѓа сезоната кога со вашите вработени може да ги прославите успесите од изминатите 12 месеци, но и за нив и вашите соработници направите забава за паметење.

Забавата може да биде незаборавен настан што може да допринесе да се изградат подобри односи меѓу вработените. Како важен настан за имиџот на секоја компанија е организацијата на овие забави да биде беспрекорна. За да успеете во тоа најважни се два фактора – време и организација.

Прв чекор – подготовки на време

Често се случува менаџментот на компанијата да сака да заштеди на организација и прославата да ја препушти на некој од вработените, а поради неискуство да има пропусти. Затоа е важно да се почне со подготовките на време. Потоа, дефинирајте каква прослава сакате. Колку луѓе, класичен коктел, забава или журка до утринските часови. Секој чекор во организацијата треба да биде запишан и делегиран на членовите кои учествуваат во организацијата. На овој начин се намалува можноста да дојде до пропусти.

Како да одберете простор

Просторот што ќе го одберете треба да одговара на вашите потреби. Земете ги во предвид оддалечените делови од градот поради доаѓањето и заминувањето. Идеално би било на располагање да имате келнери за кои ќе бидете сигурни во нивната професионалност.

Список на гости

Ова е веројатно најтешкиот дел од работата. Не знаете кого сè треба да повикате, а после прославата да забележите дека сте заборавиле да поканите важни гости. Најдобро е гостите да ги поделите во три групи: пријатели на компанијата (соработници, поранешни вработени, познати личности), медиуми и бизнис личности (сегашни, поранешни и идни клиенти). Потоа замолете ги членовите на менаџментот да ви достават предлог на свои гости кои ќе ги внесете во табела.

Пракса е поканите да се праќаат по електронски пат, а не преку курир бидејќи заштедата е голема. За дизајн на поканите ангажирајте дизајнер. Доставете му лого на компанијата, потребни информации (датум, место, време на одржување, повод, дрес код) и нагласите каков дизајн сакате. Поканите испратете ги барем седум дена пред настанот, а неколку дена пред поканата јавете се на оние кои не го потврдиле нивното присуство и прашајте ги дали добиле покана и дали ќе присуствуваат. Поканите не ги праќајте ги attach, туку на главна страна.

Бидете сигурни дека храната и пијалаците што планирате да ги послужите, опфаќаат целосен опсег на потреби и преференции (вегетаријанска храна, алкохолни и безалкохолни пијалаци) на вашите гости.

Фото: Pexels