Како да проверите колку знаете за пазарот на капитал

83

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности.

Македонска берза во рамки на своите заложби за перманентен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, а со цел овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, се вклучува во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост преку нејзините едукативни алатки: квиз на пазарот на капитал и едукативни видеа.

Линк до квизот на пазарот на капитал: https://www.mse.mk/mk/content/22/1/2020/quiz-securities-market

Линк до едукативните видеа: https://www.mse.mk/mk/content/18/9/2018/educational%20-video

Деновите на финансиска писменост се организираат од финансиските регулаторни институции, како членки на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, a во соработка со приватниот финансиски сектор.