Како да реализирате кампања за групно финансирање – crowdfunding?

23

Crowdfunding

AllWeb, првата конференција за дигитален маркетинг во Македонија, започнува со организација на серија мини настани со цел отворање на актуелни дискусии во полето на дигиталните комуникации, маркетинг и бизнис во текот на целата година, стои во соопштението.

Првиот AllWeb meetup ќе се одржи на 18-ти април во Јавна Соба, Скопје. Темата е групно финансирање (crowdfunding), а гостин на настанот ќе биде Хрвоје Хафнер, автор на блогот Crowdfunding.hr и еден од пионерите на балканските простори. Влезот на овој AllWeb meetup ќе биде бесплатен, а сите заинтересирани ќе мора претходно да се регистрираат на brainster.co.

Групно финансирање или crowdfunding е практика којашто се применува за финансирање на проекти, идеи или каузи, преку финансиски донации од поголем број луѓе, најчесто реализирана со помош на интернет алатки. Оваа тема станува се поактуелна и во Македонија затоа што е одличен начин на прибирање средства за финансирање производи, проекти или цели старт – ап сервиси за кои се заинтересирани поголема група на потенцијални поддржувачи.

“На настанот нашиот гостин Хрвоје ќе зборува за основите на crowdfunding и како тој ја менува финансиската индустрија, но и кога да започнете и како да реализирате кампања за групно финансирање и каде да го најдете вистинските поддржувачи. Хрвоје со себе носи пет годишно искуство во crowdfunding кампањи во кои се собрани повеќе од милион хрватски куни (над 130 илјади евра). Очекуваме со публиката да сподели многу корисни совети и примери за регионални успешни и неуспешни кампањи“, вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.

Ова е првиот од серијата AllWeb meetup настани коишто AllWeb ќе ги реализира годинава. Првиот настан е организиран во соработка со brainster.co, каде што заинтересираните можат да го обезбедат своето место. Бројот на места е ограничен.