Како да се справите со фрустрираните луѓе

88

frustracija

Фото: Pixabay

Најголемиот предизвик во бизнисот е работата со луѓе, кои не секогаш гледаат на работите исто и не ја делат истата мотивираност. Различните мислења можат да бидат од голема помош, но често токму тие луѓе намерно или ненамерно ќе ви го блокираат патот. Без разлика на нивната намера, на еден или друг начин вие ќе треба да ги решите проблемите и да продолжите понатаму. Секој иновативен прогрес најчесто доаѓа до отпор и треба да имате солиден сет на алатки за да се справите со оние луѓе што ќе ви застанат на патот на успехот. Само затоа што се фрустрирани не мора да значи дека треба да ве попречуваат во постигнувањето на вашите цели.

Овие шест совети комбинирани со мала одлучност, ќе ви помогнат да ги надминете противничките играчи.

1. Дознајте зошто

Некои луѓе сосема случајно се фрустрирани, меѓутоа разумните личности секогаш имаат мотив за да бидат пречка. Направете истражување за да дознаете која е објективната причина за таквото однесување. Нечијата контрирачка природа може да нема никаква поврзаност со вас, но ако го откриете изворот на незадоволството на личноста, ќе можете да понудите некаков компромис. Се додека не ја откриете вистината за контрадикторноста на личноста, вие ќе изгубите драгоцено време и многу енергија.

2. Зборувајте на ист јазик

Најчесто фрустрираните средби се резултат на погрешна комуникација. Вие можеби имате знаење и експертиза во одредена област, што можеби вашиот опоненет ја нема. Исто така може вашиот противник да биде тој или таа што е со релевантно знаење и експертиза. Во било која ситуација, сигурно е дека поубаво ќе соработувате во атмосфера на разбирање. Одвојте време да прашате за перспективите на личноста за дадената тема. Откако ќе дознаете за концептуализацијата на ситуацијата, и вокабуларот што го користи личноста, ќе можете да го намалите електрицитетот и негативната енергија.

3. Дајте им што сакаат

Една од тајните на успешните преговори е да дознаете што другата страна сака најмногу. Со што најмногу сака да ги напушти преговорите? Откако ќе дознаете што личноста сака, создадете ги условите под кои ќе можете тоа да го овозможите. Запомнете нештото не мора да биде некаков објект. Понекогаш тоа што луѓето го сакаат е можност за реализација, емоционално или социјално одобрување, или можеби награда. Доколку не можете да ги задоволите барањата на личноста, тогаш понудете алтернатива и покажете дека сте спремни на компромис за поголемо добро.

4. Дозволете личноста да ве запознае

Луѓето работат напорно за да бидат љубезни и се прилагодуваат на некој што им се допаѓа и го почитуваат. Затоа изградете позитивни односи со личноста и покажете интерес за неговите или нејзините потреби и желби. Покажете емпатичност и разбирање за грижите на личноста. Помогнете им да разберат дека и вие сте личност која е повеќе од целно одреден надзорник. Помогнете им да го видат поголемото добро на вашите цели на начин кој е возбудлив и инспиративен.

5. Најдете заобиколни патишта

Понекогаш едноставно не можете да ги доведете луѓето околу вас да размислуваат на ист начин. Доколку тоа се случи, најдете други патишта до вашата цел. Вие сакате луѓето што ви предизвикуваат фрустрација да се повлечат и да се тргнат од патот. Но, доколку тие не сакаат да го сторат тоа, тогаш вие најдете други патишта за да ја остварите целта. Нема потреба да не го почитувате некого во процесот. Денешниот попречувач во процесот, може да стане утрешен поддржувач.

6. Испитајте се себе си

Човекот од спротивната страна можеби е моменталната отровна пречка во вашиот живот. Меѓутоа, голема е веројатноста дека и вие сте отровна пречка во неговиот живот. Можеби сте виновни за емоционалниот отпор или за битката за територијалност. Земете одмор од битката и рефлектирајте си го на себе, сопственото однесување. Најдете начини да се отворите себеси кон таа личност, демонстрирајте добра волја и ќе де-ескалира тензијата. Дури можете да ја запрашате личноста што конкретно да направите за да ја подобрите ситуацијата. Можеби ќе се изненадите од едноставниот одговор. Во најмала рака, ќе имате пристап до причината и изворот на конфликтот.