Како да се справите со неуредни колеги

41

masa

Фото: Pexels

Секој си има своја лична дефиниција за чистота. Некои луѓе ги одржуваат своите домови беспрекорно чисти, додека други оставаат неред. Но, кога просторот се дели со други луѓе, навиките за чистење може да станат непријатни, посебно во канцеларијата каде доаѓаат клиентите и колегите. Одржувањето на уредна работна средина може да биде тешко кога имате колеги и вработени чија дефиниција за чистота се разликува од вашата.

Неуредните вработени може да имаат потешкотии во концентрирањето на работа. Неуредното биро е бариера во комуникацијата, тоа дури може да го поткопа и  кредибилитетот. Кога клиентите го гледаат канцелариското биро, тие од уредноста или неуредноста ја проценуваат вашата способност да се грижите за работните задачи, проекти или нивните пари и инвестиции.

Набљудувајте дали неуредните навики негативно влијаат на неговата работа, соработници и услуги на клиенти. Некои луѓе можат даги извршуваат работните задачи на биро полно со документи, папки, пенкала, но други страдаат од недостаток на организација.

Разговарајте со колегата, додека тој седи на бирото. За да избегнете непријатна ситуација разговорот за неговата неуредност направете го по завршување на работното време или кога соработниците не се во канцеларијата.

Објаснете дека поради неговата неуредност тешко се концентрира, а чистата површина ќе ја подобри неговата ефективност во работата.

Овие неколку совети може да ви послужат за одржување на уредна работна средина.

– Одвојте време за да ја избришете вашата работна маса. Тоа може да биде првото нешто што ќе го направите во понеделник или последното во петок. Ставете ги работите каде што припаѓаат.

– Поставете граници. Ако имате премногу материјали на вашето биро, одлучете што од тоа навистина ви користи и одвојте мал простор за складирање.

– Чувајте корпа за отпадоци во близина. Кога ќе дојде време да фрлите нешто непотребно, не го оставајте долу, туку фрлете го корпата поставена до вашето биро.