Како да се заштитите од валкани пари?

172

Ширење на корона вирусот ги натера финансиските институции ширум светот да ја разгледаат забраната за користење на банкноти.

Минатата недела Централната банка на Јужна Кореја соопшти дека ги исклучува од оптек сите банкноти во наредните две недели, за да се спречи ширењето на вирусот. Кинезите планираат деконтаминација на банкнотите. УВ зраци и загревање на хартијата би требало да ја исчисти хартијата, а некои банкноти ќе бидат уништени. Банкнотите кои доаѓаат од болниците повеќе нема да се употребуваат.

Продавачите не сакаат кеш

Музејот Лувр во Париз го забрани плаќањето со банкноти. Епидемијата ги потикна потрошувачите во САД сметките да ги плаќаат со мобилни телефони.

“Нема сомнеж дека банкнотите пренесуваат вируси“, вели микробиолог од Универзитетот Metropoliten во Лондон, Пол Мејтвел.

Научниците во едно истражување спроведено во 2017 година пронашле микроби коишто живеат на банкнотите. Светската здравствена организација препорачува миење на раце после секоја употреба на банкноти особено пред оброк.

Кина пред избивање на епидемијата развиваше методи за бесконтактно плаќање. Податоците покажуваат дека половина од жителите во Кина користеле мобилен телефон за плаќање во втората половина од 2019 година.

“Тешко е да се процени бројот на бактерии и вируси коишто ги пренесуваме кога купуваме. Препоставувам дека со преминувањето на бесконтактен начин“, вели Мејтвел.

Останати облици на заштита вклучува користење на антибактериски средства, но и носење на сопствено пенкало за потпишување на документи.

Фото: Pixabay