Како да се заштитите од вируси ако патувате со авион

92

Од моментот кога е откриен, корона вирусот предизвика страв кај голем број луѓе, кои го подигнаа нивото на хигиена на највисоко ниво како заштита од можно ширење на вирусот. Тој страв можеби е најмногу изразен кај луѓе кои патуваат или се движат на јавни места каде што има голема фреквенција на минувачи.

Поради таа причина, најмногу Кина, но и други земји се соочија со зголемена побарувачка на маски за лице и заштитни ракавици. Но, ако се следат советите на лекарите, доколку патувате со авион, нема да ви бидат потребни маски или ракавици, туку најдобра заштита во текот на летот е честото миење на рацете.

Според Дејвид Павел, кој е медицински работник во Меѓународната авио – транспортна асоцијација (International Air Transport Association – IATA), вирусните бактерии не можат долго да преживеат на седиштето, но најголемиот ризик е физички контакт со заразено лице.

“Маските и ракавиците не се добра заштита од вирусите, бидејќи само им помагаат на бактериите да се рашират“, вели Павел за New Strait Times.

Се верува дека ризикот од ширење зарази во авионот е многу мал. Воздухот што го дишете во авионот, како што пренесува Travel magazine, е со многу подобат квалитет од оној во канцеларијата каде што работите или во кино салите. Тој е миск од чист и филтриран воздух во однос 50:50 и е сличен на оној што го има во хируршките сали за операции.

Вирусите и сите други микроорганизми сакаат да живеа на активна површина. Затоа, ракувањето со други лица е многу поголем ризик од допирање на седиштето, коешто не содржи никаков биолошки материјал.

Експертите советуваат дека хигиената на рацете е задолжителна и најважна. Тоа е така бидејќи преку рацете најмногу се шират вирусите.

Затоа, често мијте ги рацете и избегнувајте да го допирате лицето. Доколку не можете да користите тоалет за да ги миете рацете, добро е да имате при рака некое средство за дезинфекција, односно гел на база на алкохол.

Се поставува прашањето дали затворање на границите може да спречи вирусот да се прошири надвор од границите на Кина? Секако дека е можно, но тоа не значи дека е најдобро решение.

Фото: Pexels