Како да заштедите во 2018 година?

25

piggy-2889042_960_720

Фото: Pixabay

На крајот на годинава многумина посакуваат да имаат малку поголема заштеда. Во пресрет на празниците, потрошувачката кошница е прилично полна, но она што потоа се чувствува е недостаток на пари. За да не биде така и следната година, во 2018 “одиграјте“ малку попаметно.

Реална сума

Започнете со тоа што ќе си поставите реална цел, односно сума што можете да ја заштедите. Одредете и време, но најмногу внимавајте да не ги надминете можностите. Во спротивно, целата заштеда ќе “пропадне во вода“. Целта несомнено ќе бара одредено жртвување, но бидете доследни и упорни. Нека тоа ви биде план од којшто не смеете да се откажете во годината што следува. Ако треба ставете и потсетник којшто секој ден ќе ве потсетува на тоа што сте си го ветиле.

Скратете малку (повеќе)

Доколку не сте од оние кои можат да се дозволат удобности и луксуз без да мислат на заштеда, тогаш ќе треба да скратите од некои работи. Тоа не значи дека не смеете да се напиете кафе со пријателите, но ќе треба одредени навики да ги сведете на миниум. Тоа важи за оброци и пијалаци во ресторани и кафетерии, за возење со такси, за парчиња облека што чинат мало богатство и сите други работи што не мора да ги имате. Иако во моментот изгледа дека овие удобности ви го олеснуваат животот, на долги патеки тоа нема да биде така. Ќе се разбудите едно утро и ќе се запрашате каде отидоа парите што сте ги имале.

Водете евиденција

Ако не знаете на што и колку трошите пари, тешко дека ќе успеете да заштедите. Работете попаметно следната година, започнете да водите детална евиденција уште од првиот месец. Кога ќе имате преглед на сметките, тогаш ќе може да видите каде може да скратите, за да додадете на заштедата. Ќе имате увид во тоа колку трошите на основните работи, а колку давате за екстра услуги и потреби.