Како делта сојот “исчезна“ во Јапонија

273

Бројките во Јапонија се толку задоволителни што научниците почнаа да истражуваат како оваа земја е единствената во светот со незначителен процент на зараза со делта сој.

Петтиот бран на коронавирусот во Јапонија буквално исчезна на толку драматичен начин што научниците останаа целосно збунети. Еден тим на научници сугерира дека многу заразната делта варијанта на коронавирусот мутирала до исчезнување во таа островска држава.

Во Јапонија, во средината на август оваа година, имаше нагло зголемување на случаите на инфекција со коронавирус, а бројките беа повеќе од 23.000 нови инфекции на дневна основа. Во моментов, бројките во Јапонија се намалени на само 170 нови инфекции дневно, а бројките за смртни случаи се едноцифрени.

Драстичниот пад на бројот на нови инфекции и смртни случаи главно се припишува на многу високата стапка на вакцинација, јавното прифаќање на носењето маски и други епидемиолошки фактори. Но, некои научници веруваат дека овој пад е единствен во светот.

Изури Инуе, генетичар од Јапонскиот национален институт за генетика, верува дека Јапонија имала среќа што варијантата делта најмногу се искоренила себеси и другите варијанти на корона вирусот. Генетичарот и неговите колеги веќе некое време ги проучуваат мутациите на вирусот САРС-КоВ-2 и како тие се засегнати од протеинот nsp14, кој е клучен за размножување на вирусот. РНК вирусите, како и новиот корона вирус, обично имаат многу високи нивоа на мутации, што им помага брзо да се прилагодат на промените во околината. Но, ја отвора и можноста таканаречената „катастрофална грешка“, односно лошите мутации да настанат и на крајот да предизвикаат изумирање на одредена варијанта. Што се однесува до јапонскиот петти бран на корона вирус, Инуе верува дека варијантата nsp14 делта не успеала во задачата спречување грешки, со оглед на генетската студија на примероците собрани помеѓу јуни и октомври оваа година.

Спротивно на очекувањата на генетскиот тим, беше забележан недостаток на генетска разновидност во примероците на варијантата nsp14 делта, додека многу примероци имаа генетски промени во областа наречена A394V, која е поврзана со протеинот nsp14. Инуе објасни дека буквално биле шокирани кога го откриле ова.

„Делта сојот беше екстремно пренослив во Јапонија и ги замени сите други варијанти. Но, како што се акумулираа мутациите, веруваме дека со текот на времето стана дефицитарен вирус кој повеќе не можеше да се реплицира“, објасни тој. Сепак, она што треба да се забележи е дека во Јапонија повеќе од 70 отсто од населението е целосно вакцинирано и тоа може да биде причина за помал пренос на вирусот, а потоа и слабеење на епидемиолошката слика.