Како денес живее некогаш најбогатиот Балканец?

274

Две години од отворањето истрага против некогаш најмоќниот хрватски претприемач Ивица Тодориќ, од обвинение ни трага. На истрагата против него државното Обвинителство до сега потроши 402.000 илјади евра.

На прашањето како денес и од што живее, Ивица Тодориќ за RTL одговара дека им е тешко, но весело.

“Ни помага фамилијата и пријатели, не трошиме сега многу пари. Живееме тешко, но весело, бидејќи јас кога ќе се расветли случајот, ќе донесам нов дух на овие простори, овде во Хрватска. Не можам да ви објаснам колку се радувам што сум направил, до каде сум стигнал и како растурив една криминална организација“, вели Тодориќ кој со семејството живее во Кулмерови двори, којшто додека беше во Лондон го издаваа за венчавки, прес конференции и останати настани.

Инаку, концернот на Тодориќ, Агрокор својата историја почна да ја гради во 1976 година како компанија за производство на цвеќе и цветни садници, а 40 години потоа се шири низ разновидни дејности. Во портфолиото на Агрокор се наоѓаа повеќе од 60 компании.

Агрокор почна да се шири и надвор од својата основна дејност (малопродажба и производство на храна) и влезе во здравството, купувајќи ја во 2012 година приватната поликлиника Авива, а истата година влегува и во туризмот, стекнувајќи удел во туристичката агенција Гуливер Травел.

Групацијата Агрокор влезе и во областа на информатичката технологија, па така во 2010 година основана е компанијата mStart, којашто ја разви платформата за онлајн трговија Abrakadabra. Хрватскиот гигант влезе и во градежниот бизнис, купувајќи ја компанијата Пројектградња од Славонски Брод.

Групацијата Агрокор вработуваше 60.000 луѓе, од кои 40.000 во Хрватска и директно влијаеше на 2% до 3% од хрватскиот БДП.

Фото: Facebook