Како до супер тело за на плажа?

25

Летото е период во кој секој обрнува посебно внимание на својот изглед. За вашето тело да биде во топ форма, потребно е да се посветите на вежбање и здрав начин на исхрана. Навиките што ќе ги стекнете за летната подготовка, задржете ги и во натамошниот период од годината и на тој начин ќе бидете постојано во форма. Ова се нашите предлози како да бидете фит ова лето:

p1

Одлучете каде ќе вежбате и направете план

Првата работа што треба да ја направите е да одлучите дали повеќе сакате да вежбате дома, по план на вежби кои ќе ги смислите сами или пак повеќе преферирате тоа да го сторите во теретана. Без разлика која опција ќе ја одберете, потребно е точно да знаете која е вашата крајна цел – зацврстување на телото, слабеење или комбинација од двете работи. Второ, и многу важно е да си направите план на активности и план на исхрана. Потоа започнете со реализацијата.

p2

Направете список што ви е потребно за вежбање во теретана

Ако се одлучите да вежбате во теретана, потребно е да имате соодветна спортска опрема. Првенствено ви е потребна торба, во која ќе ги сместите сите неопходни работи – вода, крпа, резервни патики, облека за пресоблекување. Искористете го намалувањето од 15% и подновете се со спортска торба за вашата опрема која можете да ја купите тука.

p3

Внимавајте и при изборот на облеката, таа треба да биде лесна и направена од материјал кој дише. Во летниот период најдобра опција се маичките без ракави. Овие маички се направени од нежна ткаенина со DryTech™” технологијата за подобро справување со влажноста и Compression fiber технологија која го подобрува протокот на крв со цел да се забрза работата на мускулите. Набавете си таква тука.

p4

Одберете соодветна опрема за вежбање во домашни услови

Изборот на соодветната опрема зависи од вежбите кои сте одлучиле да ги практикувате. Можете да го искористете YouTube за изборот на вежбите бидејки таму ќе најдете голем број на канали на кои редовно се објавуваат видеа.

За намалување на болката предизвикана од подните вежби задолжително обезбедете си подлога за вежбање изработена од мек материјал со клеточна површина или пак набавете јога душек, изработен од нелизгачки материјал тука.

Еластичните црева со отпор се одличен начин за зајакнување на мускулатурата на вашето тело. Тие не чинат многу, а може да се користат за сеопфатен тренинг. Цената можете да ја дознаете на следниов линк.

Ако сакате да ја подобрите рамнотежата на телото, најдобар начин за да го постигнете тоа е со употреба на пилатес топките, а за уште подобри резултати од вежбањето користете ги вреќичките за зглобови со дополнителна тежина.

p5

Исхрана и додатоци

Доколку вашата крајна цел е слабеењето и сакате да го забрзате тој процес, во комбинација со физичката активност можете да консумирате Суправит L-Carnitine со екстракт од јапонски зелен чај или јаболков оцет кој го забрзува метаболизмот и ги согорува мастите.

По вежбањето вратете го балансот во вашето тело со свежо замрзнат сок од пченична трева. Сокот е моќен детоксикатор кој ја прочистува крвта и органите и претставува природен извор на хлорофил, живи ензими, бета каротен, алкални минерали, амино киселини. Вашето тело ќе ви биде благодарно!