Појавата на бар кодот, направен пред четири децении, го смени начинот на живеење на луѓето, а неговиот дизајнер немаше поим какво влијание ќе има врз целиот свет.
Зебрастите бар кодови може да ги видите на сите работи што ги купувате во продавница, книжарница или преку интернет. Тие го олеснуваат животот и купувањето многу полесно, што со нивното појавување стана многу побрзо, пишува Deutche Welle.
“Покрај сите технолошки достигнувања, тивкиот триумф на 20 век во малопродажната индустрија доживеа на баркодот. Трговијата на мало може да биде едноставна, но не и лесна, а баркодот се покажа како компактно, елегантно и флексибилно олеснување“, вели Џонатан Рејнолдс од Универзитетот Оксфорд.
Заснован брз идејата на Норман Џозеф Вудленд, баркодот го направил американскиот инженер Џорџ Лауер, кој го предводел тимот задолжен за создавање на универзален код за производи (скратенo UPS) и за опрема којашто е потребно да се скенира. Прво е употребен на пакувањата на мастики за џвакање во супермаркет во Охајо 1974 година.
Прехранбената индустрија сакаше да ја олесни продажбата, да ја направи побрза и попрецизна. Според изворите во 1970-тите, баркодовите ја забрзале продажбата за 40 % и кога почнале да се користат, цената повеќе не мораше да се пишува на секој пакет или да се менува кога производот ќе се намали. Ова ги спречи клиентите да ги кинат и заменуваат цените на производите, а со развојот на напреден софтвер, продажбата забрза уште повеќе.
Првични потешкотии во продажбата
И покрај сите придобивки, усвојувањето на баркодот е бавно. Трговците не сакаа да издвојат средства за скенери и не сакаа да дадат пари за технологија за која веруваа дека нема да трае.
Покрај тоа, многу клиенти се сомневаа дека може да бидат измамени поради цената. Наскоро следеа теории на заговор.
Сепак, во 80-тите години на минатиот век, баркодот полека почна да се шири низ целиот свет, и покрај тоа што неговиот изум стана дел од секојдневниот живот на милијарди луѓе, Лаурер не доби ни цент за тоа. Компанијата за која работеше дозволи јавна употреба на бар-код за да ја продаде својата опрема за скенирање.
“IBM не се обиде да го патентира или на друг начин да го заштити својот симбол и код затоа што не сакавме ништо да го забави неговото спроведување како симбол на UPC. Ние им го дадовме на индустриите да ги користат”, напиша Лауре во неговата автобиографија Engineering WAS Fun !.
За IBM корпорацијата баркодот беше генијален потег, а за Лаурер кој почина во 2019 година на 94 годишна возраст, најважен изум во кариерата долга 36 години.
Од едноставност до дводимензионалност
Иако првата генерација на еднодимензионален бар-код се менуваше со текот на годините, основата остана иста – ги означува предметитешто се на продажба.
Неговиот понатамошен развој, во насока на дводимензионален код, ја прошири употребата на баркодот. Овие кодови изгледаат различни и се состојат од правоаголници, точки, бои и геометриски форми што ги содржат потребните информации.
Најновата форма на бар-код се користи за поништување карти, интернет банкарство и споделување информации со клиенти кои можат да ги скенираат овие кодови на мобилни телефони.
Глобалниот успех на баркодот покажува голема одговорност што ја има денешната технологија.
Фото: Pixabay