Што е бар код?

1174

Фото: Pixabay

Нема производ на којшто не може да се забележат низа вертикални црни и бели линии со различна дебелина, а под нив повеќе броеви. Станува збор за бар код, којшто претставува графички формат на еден артикл, што овозможува брз и едноставен пренос на информации на читачите на касите во малопродажните објекти.

Зад создавањето на бар кодовите стојат двајца американски инженери во далечната 1948 година. Од нивната идеја произлегува UPC (universal product code), во САД во 1973 година, кога код од 12 броеви се става на производи во продавниците. Неколку години подоцна, во Европа се воведува овој систем, но се проширува на 13 цифри.

Со текот на годините биле развивани различни облици на бар кодови, што овозможуваат да се прошири и зголеми нивната употреба и на други подрачја. Па така, освен за користење во малопродажни објекти, бар кодовите се користат и кај транспортот и логистика, производство, здравствена заштита, образование, култура, туризам, јавна администрација…

Со комбинирање на различни дебелини на линии се запишуваат потребните податоци, а читачите за бар кодови можат лесно да ги препознаат и да ги дешифирираат. Луѓето кои умеат да го прочитаат бар кодот ќе можат да дознаат важни информации за производот што го купуваат.

Секоја земја има свој број на бар кодот и тоа се првите две до три цифри. На пример, ако првите три цифри од бар кодот се 531, тогаш купувачот треба да знае дека производот е од македонско потекло. Потоа, следуваат цифри што ја означуваат компанијата што го доделила бар кодот, па следат оние што го обележуваат артиклот, а на крајот е контролниот број. Неопходно е да се разликуваат нови артикли, како и тоа по броевите да знае која земја е увозник. На пример, кога станува збор за риба или месо, важно е да се знаат цифри што означуваат од каде потекнува производот, кој е дистрибутер и слично.