Како изгледаше тргувањето на берзата оваа недела?

34

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 25-ти до 29-ти мај, се позиционираше на 1.494.959 евра или пад од 24,68%, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Пад од 23,92% има кај вкупниот број на трансакции (299), додека пазарната капитализација заврши во “минус“ 1,22% и достигна 3.245.732.350 евра. Пазарната капитализација денеска беше на ниво од 1.796.872.627 евра, што е пад од 3,91% во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 денеска заврши на 4.232,97 поени или 1,28% помалку во однос на претходната недела.

Петте најтргувани акции оваа недела на Македонска берза беа оние на: Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, ТТК Банка и Гранит Скопје.

Фото: Freepik