Таа е најмладата од познатото семејство Кардашијан – Џенер, а својот успех го започнува како ѕвезда на реално шоу и стигнува до огромно царство во козметичката индустрија.
Во центарот на светската јавност дојде кога нејзиното семејство го започна реалното шоу Keeping up with the Kardashians во 2007-ма година, пишува Fox Business. Тогаш успеала да ја искористи приликата и да ги развие своите брендови. Кајли е препознатлива по компанијата што произведува шминка, а со чија помош стана најмлада самостојна милијардерка според магазинот Forbes.
Џенер има само 21 година, а веќе располага со богатство што се проценува на милијарда долари. Интересен е фактот, според Fox Business, што Марк Цукерберг, како еден од најбогатите млади луѓе во светот, не успеал толку многу да заработи до својата 23-та година.
Нејзиното “козметичко“ царство Kylie Cosmetics успеа да собере стотици милиони долари до 2015-та година, предизвика огромен интерес, а производите се продаваа за само неколку минути.
Во август 2018-та година, Кајли потпиша ексклузивен договор со американскиот козметички гигант Ultra Beauty.
Денес, Kylie Cosmetics се проценува на околу 900 милиони долари. Во мај минатата година, Кајли започна уште еден бренд Kylie Skin, чија вредност вртоглаво почна да расте. Исто така, со нејзината сестра, Ким Кардашијан, работи на модната линија Kendal + Kylie, којашто бележи раст на продажбата ширум САД.
Освен козметиката на Кајли милиони ѝ носат и социјалните мрежи, посебно Instagram, каде од една објава заработува над еден милион долари.
Фото: Facebook