Како ќе изгледа архитектурата по пандемијата?

84

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ни помогна да сфатиме колку малку простор имаме за себе. Светот сфати дека му е неопходна промена, па така ќе биде и во архитектурата, прво во развиените земји, којашто треба да се прилагоди на новонастанатата ситуација, пренесува Kamatica.

Материјали за еднократна употреба

Голем број компании ги редизајнираа своите простории, одвојувајќи ги работните бироа на пропишана дистанца од два метри. Од тоалетите се исфрлаат пешкирите и се ставаат хартиени бришачи. Сето што може да биде за еднократна употреба, по чија употреба задолжително ќе се фрлаат.

Ниту движењето надвор веќе нема да биде исто

Тротоарите низ светот се прошируваат за да може да се движат повеќе пешаци без да се бидат во непосреден контакт. Се прошируваат и велосипедските патеки, за да не бидат премногу близу едни до други. Во некои земји во градскиот превоз седи по едно лице на четири седишта, а местата за стоење се обележани на подот.

Живот зад стакло

Во продавниците, аптеките и сите други продажни места се поставени бариери од плексиглас меѓу купувачот и продавачот.

Фото: Pixabay