Како ќе изгледаат паметните супермаркети на иднината

91

Живееме во време на паметни производи, па еден таков принцип според аналитичарите на Greenpeace може да се примени и кај супермаркетите.

Секако, самиот супермаркет нема да биде паметен, туку акцентот е ставен на опаметување на луѓето.

За почеток прв и најголем проблем е да се реши пластиката за еднократна употреба. Визијата за супермаркетите на иднината е дека ќе користат паметна технологија којашто ќе ги елимиniра пластичните пакувања.

Истата таа технологија ќе иницира користење на садови за повеќекратна употреба и ќе се обиде да ги задржи лојалните клиенти. На пример, свежата храна може да се обележи со ласерски бар код на самиот плод и да биде продавана како таква “гола храна“.

Во некои делови во светот свежата храна може да биде пакувана во природна амбалажа од самото растение.

Кога станува збор за производите што најчесто се купуваат, решението е во користење на садови за повеќекратна употреба. Истото би важело и да храната за “носење“.

Во анализата се потенцира дека луѓето треба да носат сопствени садови или самите маркети да ги снабдат и истите да се чистат од страна на трети компании.

Производите за лична хигиена, исто така, треба да бидат “голи“ односно не спакувани и најчесто да доаѓаат во тврда состојба.

На касата во паметниот супермаркет би требало да понуди торба за изнајмување, со тоа што купувачите ќе платат мал депозит за носење на торбите дома.

Фото: Pexels