Како коронавирусот ги “бира“ жртвите?

282

Еден факт, поврзан со ширењето на коронавирусот, останува непознат, а тоа е начинот на којшто овој вирус ги избира жртвите.

Најчесто од неговите последици умираат постари лица и оние со хронични заболувања, но сè повеќе случаи со смртен исход има меѓу младите и здравите луѓето, како и меѓу медицинскиот персонал. Во некои случаи, како што пишува The Guardian, може да се утврди дека дел од заразените биле болни иако не знаеле за тоа. Затоа, важно е да се најдат главните причини за високата смртност од овој вирус.

Постојат повеќе претпоставки, па така некои експерти сметаат дека пресудна е количината на вирусот што ќе биде внесена во организмот. Се верува дека колку е поголема количината, исходот е дотолку полош.

“Кај луѓе заразени со поголема количина на вирусот, побрзо се развиваат повеќе вирусни клетки одошто кај оние кои се заразени со помала количина. Сè уште не е познат на кој начин функционира тоа во случајот со Ковид – 19, поради што е многу важно што побрзо да се најде решение“, смета вирологот Алисон Синклер од Универзитетот Сасекс.

Други, пак, сметаат дека е пресудна генетиката, односно дека некои луѓе се генетски поподложни на вирусот, поради што брзо им се проширува низ организмот.

“Можно е некои луѓе да имаа специфична генетска слика поради којашто нивниот организам на зараза со коронавирусот ќе реагира полошо“, смета Мајкл Скинер, професор на лондонскиот колеџ Империал.

Фото: Pixabay