Како “лажат“ инфлуенсерите?

79

Интернет ѕвездите познати како инфлуенсери ја користат својата позиција, моќ и огромен број на следбеници за да промовираат или рекламираат некаков производ, услуга, идеја или нешто сосема трето.

Но, јавноста го вперува “прстот“ кон инфлуенсерите и ги обвинува дека со своите објави и фотографии создаваат нереална слика. Тие ја “разубавуваат“ реалноста со фотографии коишто се претходно добро осмислени и ретуширани на Photo Shop. Поради тоа, “обичните“ луѓе си создаваат илузија за работите околу себе, а доколку не изгледаат исто како на фотките на инфлуенсерите, ќе се чувствуваат тажно, па дури и депресивно.

Сите добро знаеме дека она што се прикажува на социјалните мрежи не треба да нè обесхрабри и да прави да се чувствуваме мизерно. Напротив, секој треба да биде реален и задоволен со тоа што го има.

Дваесет и шестгодишната Ким Барт го има својот профил на Instagram под името The truth is not pretty, каде што прикажува паралела меѓу слика поставена на социјалните мрежи и како тоа изгледа во реалност.

Фото: Instagram – print screen