Како на едноставен начин да ја подобрите концентрацијата

66

Фото: Pexels

Дали сте уморни, заборавате и секојдневните обврски ве оставаат без инспирација?

Некои од следниве совети ќе го “освежат“ вашето секојдневие.

Вода и воздух

За да ја подобрите работата на мозокот потрудете се секој ден да поминете барем 15 минути на чист воздух и да внесете доволно кислород во телото. По кратката прошетка подобро ќе ги завршите работните обврски што ги имате. Секако, не заборавајте да пиете доволно вода, бидејќи на овој начин ќе ја зголемите концентрацијата и фокусот.

Пишувајте и сметајте

Трудете се да пишувате со пенкало на лист, наместо да пишувате белешки во телефонот или компјутерот. Исто така, помалите математички пресметки правете ги рачно, наместо со сметач. Ова ја подобрува целокупната мозочна активност.

Јадете овошје

Научно е докажано дека овошјето е здрава опција за умот и телото. Според некои истражувања, овошјето ги зголемува фрекфенциите на мозочните бранови коишто се поврзани со лечењето, меморија, спознавањето, учењето и концентрацијата.

Медитација

Познато е дека со медитацијата може да ја зголемите концентрацијата и вниманието. Најновите истражувања потврдиле дека медитацијата во голема мера ја зголемува меморијата и способноста за учење. Затоа, потрудете се секој ден да медитирате барем 10 минути наутро или пред спиење.

Игри

За почеток, можете да си “играте” така што часовникот ќе го ставите на спротивната рака од вообичаено или ќе го држите приборот за јадење во помалку доминатната рака. Вакавите вежби се одлични во превенција од деменцијата и на некој начин го тренираат мозокот подобро да работи.