Како Netflix со своја серија одржа маркетиншка лекција

142

Експертите за маркетинг знаат дека скоро ниту едно рекламирање, во кое се вложени илјадници и илјадници долари, не е толку добро и ефикасно како препораката “од уста до уста“.

Повеќе се верува на пријателот отколку на билборд. Милиони лица ја слушаа препораката на нивните блиски, поврзана со серијата The Queen’s Gambit, а потоа кругот започна да се шири.

Nielsen, глобална компанија за мерење и анализа на податоци, стои зад овие веродостојни податоци, а тие откриваат нешто неверојатно.

Netflix, најпопуларниот стриминг сервис, ја лансираше својата нова серија на крајот на октомври. Во првите 28 дена гледале 62 милиони домаќинства ширум светот, а прегледот се смета ако ја гледате програмата две минути или повеќе од една сметка. Она што е интересно е сепак ненадејниот пораст на популарноста на оваа мини-серија.

The Queen’s Gambit се рангираше на првото место во САД помеѓу 26 октомври и 1 ноември (за помалку од една недела), со вкупно прегледување од 1,85 милијарди минути.
За споредба, на претходната листа формирана од Nielsen, која се однесува на периодот од 19 до 25 октомври – серијата беше на 10-то место, со 551 милиони минути гледаност.
Ова се должи на препораката “од уста до уста“. Значи, на Netflix не и помогнаа толку  реклами, соопштенија  билборди или социјални мрежи, колку човечкиот збор.

Инаку, серијата е снимена според романот на Волтер Тревис и ја раскажува приказната за вртоглавиот подем на чудо од дете, шахистката Елизабет Хармон, на самиот врв на оваа игра резервирана, пред сè, за мажите. Во серијата Ања Тејлор-Џој ја глуми Елизабет Хармон.

Преземањата на апликацијата Chess.com вртоглаво се зголемиле во Соединетите Американски Држави откако серијалот дебитираше.

Меѓу останатите стратешки игри на iPhone, апликацијата скокнала на 3-то место во САД и на второ место во Велика Британија. Од сите игри во САД, апликацијата Шах се искачила за 256 места од дебито на серијата. Сега е на број 62. Исто така во САД порасна за 125% и продажбата на шаховски сетови.

Фото: Facebook