Како овој старт – ап “непланирано“ профитираше

186

Додека психолозите се трудат да објаснат зошто луѓето купуваат тоалетна хартија за време на големи кризи, канадски старт – ап којшто тврдеше во 2015 година дека нивниот изум ќе ја елиминира тоалетата хартија во следните пет години се покажа како “пророк“, но и како непланиран профитер од пандемијата.

Продажбата на нивниот производ којшто има иста функција како биде, се мести за десетина минути на тоалетот без помош на водоводџија, е зголемена 10 пати во последните седум дена или во просек се продава еден производ на секои две минути.

“Нема да користиме тоалетна хартија за пет години“, ова го тврдеше Канаѓанката Мики Агравол, кога ја промовираше својата иновација уште во 2015 година за којашто рече дека фундаментално ќе ги промени нашите навики на тоалетот.

Уредот се напојува со вода преку една цевка и има контролни копчиња на неа што можат да ја одредат јачината на млазот. Достапно е во две верзии: поевтина која чини 54 долари и поскапа која се продава за 74 долари, разликата е во млазот и температурата на водата.

Еколошка борба

Производот беше наречен Tushy и истоимената старт – ап компанија, во потрага по инвеститори на пазарот, истакнувала дека нејзината иновација првенствено е насочена кон подигање на свеста за животната средина и поефикасна борба против климатските промени. Како поддршка на ова, иноваторката од Канада навела податоци дека во просек, секое лице троши 23 килограми тоалетна хартија годишно, што значи дека секоја година се уништуваат 27.000 дрвја и колку што се потрошени 140 литри вода по произведена ролна хартија.

Спротивно на тоа, овој уред троши само половина литар по употреба. Компанијата до крајот на минатата година успеа да собере вкупно околу 2,6 милиони долари инвестиции, а потоа се случи пресврт. Хартијата за тоалети навистина започна да исчезнува од февруари годинава, но поради коронавирусот.

Ширење на пазарот

Во меѓувреме, овој старт – ап разви и трета верзија на својот изум, патнички, којшто може да се понесе кога патувате. Интересно е како овој старт – ап се прилагоди на новата ситуација. Веднаш штом почна недостатокот за тоалетна хартија, Tushy започна интензивна рекламна кампања преку социјалните мрежи, со главна порака дека користејќи ги нивните уреди, трошат 80% помалку тоалетна хартија.

Дури и производителите на класични бидеа забележаа неверојатен скок на продажбата, така што за само седум дена приходите во оваа индустрија на американскиот пазар се зголемија за дури 70%.

Фото: Facebook