Како побрзо да ги исплатите своите долгови

40

novcanik-pixabay

Фото: Pixabay

Економската криза притиска на многу различни нивоа. Од една страна имате потреба за купување на итни, потребни или посакувани работи, па се соочувате со ограниченост на средства. Од друга страна, пак, сите имаме сметки за плаќање на кои сме навикнати, но секој месец се повеќе ни тежат.

Работите стануваат уште полоши ако имате кредит или долг кон пријател или роднина. Од една страна стиснати од отворениот долг, од друга стиснати од причината поради која сте позајмувале. Сè повеќе и повеќе луѓе се запознаваат со непријатното чувство на вртење во круг, секој приход оди за подмирување на истечени или рокови пред истекување.

Како да го ублажите овој процес? Според експерти на ehow.com – со добро планирање и финансиска дисциплина. Тие предлагаат неколку совети како да ја стабилизирате финансиската состојба при настаната ситуација.

Застанете лице в лице со долговите

Согледајте ја точната сума што ја должите. Користењето на кредитни картички многу често создава дистанца меѓу луѓето и нивните пари. За да го покриете плаќањето со картички, неопходно е да имате јасна слика каде се наоѓате финансиски. Направете список на сите сметки и долгови и соберете ги, да знаете колку треба да одвојувате. Напишете ги минималните месечни исплати кон банките, запишете ги датите за исплата, тековните камати и пресметки. Поврзете се со доверителите, можеби ќе успеете да договорите подолг рок за исплата или пониски камати.

Изгответе план за отплата

Ако имате повеќе од еден кредитор, видете на кого му должите најмала сума. Експертите се категорични, прво треба нему да му платите. Испланирајте да плаќате минимални суми на сите кредитори освен на еден, на тој обидете се да му исплатите целосно. Додека правите план за враќање на долговите, поработете на психичкиот аспект на ситуацијата. Помислете зошто сакате и уште поважно, зошто треба побрзо да се ослободите од долговите. Ако на еден проблем се сконцентрирате на секој негов аспект, тогаш шансите да го решите се поголеми.

Прегледајте ги сите приходи и расходи

Разгледајте каков е билансот на приходите во однос на расходите. Направете список и пресметајте колку средства можете да одвоите за дополнителни трошоци. Видете колку трошоци можете да скратите. Ќе мора нешто да жртвувате – да скратите на храна, откажете се од скапите пакети на кабелските и мобилните оператори. Кафе и ручек на работа носете си од дома. Друга варијанта е да продадете нешто од предметите што не ви требаат, на пример стар мобилен, телевизор, лаптоп…

Целосно исплатете еден од долговите

Насочете ги сите средства што можете да ги заштедите кон оној долг што го одбравте во вториот дел, кога правевте план. Ако е возможно, плаќајте секоја недела или на две недели. На тој начин ќе го намалите билансот на расходи. Доколку имате можност да ја користите услугата онлајн банкарство на банката чиј клиент сте, обидете се. Заштедата на време ќе ве мотивира почесто да плаќате.

Повторувајте го моделот секој месец

Месец по месец распоредувајте ги приходите и расходите на тој начин, додека не ги покриете сите долгови. Кога ќе го затворите првиот од нив, преминете на следниот најмал долг. Постепено ќе остануваат помалку места каде што требате да давате пари.

Изберете си мала награда

Се сеќавате на психолошкиот момент? Е па тогаш мислете си на тоа што се би можеле да си дозволите доколку не би имале пари за враќање. Мислете што би можеле да правите со сумата што сега ја враќате на банката или на пријатели и роднини, тоа ќе ви биде мотивација плус.

Не правете нови долгови

Ако сте финансиски дисциплинирани, ќе успеете да одвоите пари барем за оние кредити што се итни за враќање. Дали сумата што ќе ја одвоите ќе биде доволна за се, не зависи само од доброто планирање, понекогаш парите едноставно не стигнуваат. Затоа не правете грешка да подигате нови кредити за да ги покриете старите. Никогаш не ги планирајте сите пари. Секогаш оставајте малку на страна, кои ќе можете да ги искористите во непредвидени ситуации.