Како полесно да се организирате ако сте нон стоп во хаос

120

Постојат многу луѓе кои би сакале денот да трае најмалку 25 часа за да можат да ги завршат сите обврски што ги имаат. Но, се поставува прашањето дали е потребна само малку подобра организација за да се постигне сè на време, да се испочитуваат сите рокови, да се биде на време на сите состаноци…

Ако сте постојано во хаос, ако постојано брзате и никако да стигнете да завршите сè, еве неколку кратки совети…

Планирајте…

Иако планирањето е мисловна активност за којашто ќе “изгубите“ време, сепак ќе ви биде корисна за да си создадете реална слика за сите обврски што ги имате. Со претходно подготвен план, во раката имате “силно“ оружје против доцнење на состаноците или пробивање на роковите за извршување одредена задача.

Приоритети…

Преку планирањето, ќе научите како да ги одвоите навистина битните и помалку битните работи на коишто треба да се посветите. Тоа значи дека треба да им дадете предност на оние активности што ви се повеќе важни, што се покомплицирани и за коишто треба повеќе време. Така, ќе се ослободите од неважни работи и нема да го трошите залудно времето што ви е на располагање.

Проценете…

Понекогаш во работата се соочувате со ситуации во коишто треба брзо да реагирате. Затоа, важно е да направите проценка за да утврдите дали треба да се посветите на новата активност или побитно е да се фокусирате на она што веќе претходно го работевте. Иако некогаш некои работи изгледаат едноставни, бараат многу внимание и концентрација. Од таа причина, направете ја вистинската проценка, користете ја сопствената интуиција, потпрете се на вашето искуство.

Фото: Pixabay