Како работата од дома ќе се одрази врз економијата?

24

Иако за некои компании работата од дома е тренд што го наметна пандемијата, многу европски земји може да се пофалат со долга традиција кога станува збор за работа од далечина.

Едно прашање се наметнува и тоа е сосема нормално: Дали оддалеченоста од колегите и соработниците, како и промена на работната околина, ќе влијае на работата?

Примери од развиените земји покажуваат дека работата од дома е посакуван концепт за поголем број вработени. Кај Американците таканаречениот remote work, односно флексибилно работно време надвор од традиционалните канцеларии, претставува тренд што е во постојан пораст. Во последните пет години нетрадиционалниот начин на работа е во пораст за 44%, а во последните 10 години за 91%.

Работата надвор од формалната канцеларија заштедува пари, а тоа е вистинска предност за компаниите коишто се соочуваат со потешкотии, особено во услови на пандемија. Најголемата заштеда се однесува на купување или изнајмување на деловен простор, што со себе носи и дополнителни и повисоки режиски трошоци.

Освен тоа, тука е и заштедата на вработените поврзана со трошоци за транспорт, храна, облека, време…

Во 2019 година, Холандија е прогласена за најдобра земја за нетрадиционален начин на работа поради фактот што земјата изобилува со многу coworking простори и брза и силна интернет врска. Виетнам, исто така, е една од земјите што дава силна поддршка на работата од дома.

Фото: Freepik