Како самите да станете успешен бренд?

90

brend

Фото: Pixabay

Без разлика на годините, позицијата и индустријата во којашто се наоѓате гледајте на себе како на еден вид производ. Вие сте тие кои треба да ја водите сопствената бренд – кампања.

Она што ве чека е да се приклучите на пазарот полн со слободни агенти, да изградите свој микро – еквивалент на Apple или Google и да се надевате на добра “сезона”.

Добрата вест е што денес секој има можност да учи, да ги подобри своите способности и вештини. Секој има шанса да остави трага, баш како што прават големите компании.

Присвојте ја одличноста

За почеток, најважно е да се остане на патот кон целта и да се работи со здрав разум. Во деловниот свет ретко кој ќе зборува убави работи за вас. Ќе добиете неколку формални препораки попатно, но ако сте решени да станете успешен бренд работата ќе треба да ја преземете во свои раце.

Брендот не се создава преку ноќ и не можете да знаете што ќе донесе иднината. Затоа, најдобро е да го “посеете вистинското семе” и да ја почекате “жетвата”.

Однесувањето нека ви биде на највисоко ниво, а фокусот на остварување на супериорни резултати. Ако истото го практикувате почесто, одличноста во работата ќе ви стане навика.

Потрудете се да бидете најдобри во тоа што го правите, бидете врвен професионалец, верен пријател, жесток борец, колега полн со разбирање и пред сè добар човек.

Ангажирајте се, бидете посветени на работата, учете, бидете љубопитни, но што и да правите немојте да биде во “прва брзина”.

Каков бренд сакате да бидете?

По што сакате луѓето да ве препознаваат? Во што се разликувате од останатите?

За почеток, одберете три работи и бидете доследни во остварувањето на избраните квалитети. Запомнете дека во оној момент кога ќе постапите спротивно, ќе го уништите вашиот бренд.

Затоа, исполнувајте ги очекувањата без исклучок и не дозволувајте изградената репутација да се сруши поради невнимание.

Многу е важно својот личен импулс да го одржувате без разлика во која организација припаѓате, дали вашиот деловен партнер го заслужува тоа или не, или дали сте доволно мотивирани од вашите примања.

Само вие сте господар на вашиот личен развој, вашата кариера е само ваша. Слободно комбинирајте ги талентот и енергијата и самите создадете прилика за успех. Нема потреба да се исцрпувате на едно работно место и да ги чувате асовите во ракавот за денот кога коцките ќе се наместат.

Да се биде најдобар во она што го работиме не значи дека мораме да останеме на моменталното работно место, во одредената професија.

Успехот е во вас самите, а не во позиција на која се наоѓате. Затоа, бидете најдобри поради себе, а не поради желбите на другите.