Фото: Pixabay
Ако се прашувате зошто вашата кариера не напредува, иако вредно работите, можеби се работи за тоа дека самите себе се саботирате на овие помалку или повеќе суптилни начини.
Можеби сте свесни за своето однесување, но не сметате дека токму поради тоа не напредувате на работа.
Доцните
Доколку не се појавите на работа на време, вашиот надреден може да помисли дека не сте доволно заинтересирани и посветени на работата. Резултатите што ги постигнувате нема да го оправдаат доцнењето, имајте го тоа на ум. Работодавачите секогаш претпочитаат работник кој доаѓа на време и ги завршува своите обврски во дадениот рок.
Изгледате како работата премногу да ве оптеретува
Истражувањата покажале дека работодавачите повеќе ги сакаат оние кои изгледаат смирено, отколку оние кои изгледаат нервозно. Ако со леснотија ја завршувате својата работа и секогаш сте позитивни и со насмевка на лицето, тоа далеку повеќе ќе се цени и почитува отколку намуртеното, изморено и изнервирано лице. Контрапродуктивно е да пробувате да изледате презафатено, за вашиот шеф да помисли дека работите повеќе од другите. На овој начин тој може да помисли дека на вас ви треба повеќе време отколку на другите за да завршите некоја задача и дека можеби не сте доволно компетентни за работата.
Не стоите зад своите ставови
Обично, работодавачите не се запознаени со обемот на вашата работа. Ако работите повеќе отколку што можете да постигнете и ја “надминувате нормата”, а вашиот шеф не знае ништо за тоа, ќе почнете да се чувствувате бесно и искористено. Потребно е да ја искомуницирате вашата ситуација пред да ве надвладеат емоциите и во афект да почнете да се расправате со вашите надредени.
Покажувате емотивна нестабилност
Во моментите кога нешто не оди добро, кога треба да се поправаат грешки и да се преземе одговорност, нема простор за емотивна нестабилност. Многу повеќе ќе ве почитуваат доколку сами си ги увидите грешките и почнете да работите на нивно поправање. Ако се почувствувате “скршено” и направите емотивен испад на сите ќе им биде непријатно поради. Можно е да помислат дека сте неодговорна и површна личност која не може да се носи со работните предизвици.