Како сега се продава сладолед во Италија

136

Италијанците се познати по нивниот сладолед. Во нормални времиња штом затопли луѓето “навалуваа“ во слаткарниците по овој вкусен десерт, но денес овие објекти повеќе наликуваат на посета во болница. Продавачите сега користат долга пластична лажица со која преку дупката во плексиглас преграда земаат од сладоледот.

Паоло Константини носи заштитна кацига со пластичен визир, ракавици и маска.

“Можете да заборавите на она што беше пред Ковид – 19, моравме повторно да ја измислиме својата работа“, вели овој продавач.

Пред неговата продавница за сладолед Il Gelatone, од каде се гледа Колосеумот, поставено е средство за дезинфекција на раце. На купувачите им се мери температура пред да влезат во продавницата, а на подот се обележани црно – жолти линии кои укажуваат на растојанието коешто треба да се почитува, пренесува Пословни дневник.

“Се обидуваме да се заштитиме себе си, но и потрошувачите колку што можеме“, вели Константини.

Инаку, дел од мерките кои беа воведени поради пандемијата се укинати од вчера. Сега можат да вежбаат на отворено, а кафулињата, рестораните и слаткарите се отворени само за подготовка на храна и слатки за достава и земање надвор.

Со заштитни мерки, како што се пластични прегради помеѓу масите, тие ќе можат да ги отворат своите врати во јуни. За многумина, ова е катастрофа затоа што гастрономијата е крвоток на италијанската економија.

Се проценува дека економските загуби поради карантинот може да достигнат до 34 милијарди евра само до јуни. Дотогаш, 50.000 бизниси би можеле да бидат затворени, а 350.000 луѓе ќе ги загубат работните места.

Фото: Pixabay