Како словенечките фирми реагираат на предизвиците од пандемијата

28

Поголемиот дел од компаниите во Словенија размислуваат на долг рок да воведат работа од дома и по завршување на пандемијата, покажуваат официјалните податоци, пренесуваат словенечките медиуми

Компаниите, исто така, покажале поголем оптимизам одошто во првиот бран на пандемијата оваа пролет.

Истражување спроведено во септември и октомври, покажува дека 96% од компаниите размислуваат да го зголемат обемот на работа од дома и по пандемијата.

Ковид-19 ги поттикна менаџерите да развиваат нови вештини за решавање на предизвиците на пазарот.

Работата од дома, како што се наведува, се покажа како позитивна мерка за над една третина од компаниите – 37% пријавиле поголема продуктивност на вработените, а 57% поголемо задоволство и мотивација меѓу вработените.

Меѓу компаниите опфатени со истражувањето, 81% во целост се согласуваат дека и во иднина ќе практикуваат работа од дома, што е за 31% повеќе во однос на пролетта.

Во исто време, се забележува и пораст на продажбата преку интернет за 82%.

Фото: Freepik