Како треба да изгледа туристичкиот маркетинг во време на криза

119
Светскиот туристички сектор беше првиот којшто ја почувствува кризата од пандемијата на Ковид-19. Патувањата се откажани или одложени, а вработените во туризмот очекуваат мерки од страна на државата. За промоција на туристички производи, како што се патувања во време на пандемија, болести и затворени граници сега не е време.
Но, тоа не значи дека треба да се  престане со промоција, туку дека не треба да се промовира она што во моментот не е ниту соодветно ниту изводливо, вели за eKapija Милан Стојковиќ, директор на Etourism Consulting.
“Маркетинг активностите треба да бидат насочени кон промоција на прекрасни пејзажи, дестинации, пренесување на убави доживувања, раскажување убави приказни – сето она што го прави туризмот најубава дејност. Не е потребно да се прават скапи телевизиски спотови, доволно е да се одржи активност на социјалните мрежи. Не само што луѓето ќе бидат задоволни од вакви промотивни содржини, туку ќе им се одвлечат мислите за тековните настани и ќе се потсетат на времето кога патувале и уживале слободно. Токму овие активности ќе ја зголемат желбата и значително ќе ја зголемат туристичката побарувачка, што на сите од оваа дејност ќе им донесе поголема работа и побрзо закрепнување во периодот после кризата“, наведува Стојковиќ.
Според него, постои можност за закрепнување на пазарот, ако кризата заврши до јуни.
Работниците во туризмот според него  треба да го искористат овој период за да средат сè во работењето за што немало време претходно.
“Одлично е време за темелно чистење на објектите, замена на одредени ентериерни елементи и слични работи“, вели тој.
Како што наведува, сега е вистинското време работниците во туризмот да се здружат меѓусебно за да споделат искуства, совети и меѓусебна едукација.
Фото: Pexels