Како Црна Гора ќе ја намали финансиската зависност од Пекинг?

42

Црна Гора заради големиот долг кон Кина преговара за подигнување на стотина милиони евра поволен кредит од Европската унија и се подготвува за распродавање на државен имот за да ја намали својата финансиска зависност од Пекинг, пренесува Ројтерс.

Црногорскиот долг кон Кина е причина за жестока расправа за кинеското влијание во Европа и би можело да влијае на ширење на Европската унија на Балканот, сметаат официјални претставници на Унијата.

Црна Гора е кандидат за членство во ЕУ, а тој процес подразбира исполнување на фискални стандарди. Како што потсетува Ројтер, Црна Гора позајми 944 милиони долари од Кина во 2014 година за да финансиска изградба на делница од 41 километар автопат, што уште не е завршена.

Фото: Pexels