Како ѝ успеа на оваа банка да ја зголеми наплатата за 500%

117

Српската компанија KeyLink Software Solutions го создаде Tethys, софтвер наменет за банки што треба да им помогне да ја подобрат наплатата на побарувањата. VP Bank од Виетнам го искористила овој софтвер и ја зголемила наплатата, дури и на ненаплатливите кредити, за дури 500%, пишува српски Банкар.

“Фирмата ја основавме во 2013 година, додека со развој на апликацијата започнавме уште во 2010 година, во моментот кога наплатата од страна на банките стана сериозен проблем во светот поради светската економска криза што започна во 2008-ма година. Најголем број кредити прејде во ненаплатени кредити, а според податоците со коишто располагаме, нивниот процент во Србија во тоа време бил околу 40% за трговците и мали и средни компании. Тоа нè мотивираше да пробаме да најдеме некое решение и по истражување на српскиот пазар сфативме дека не постои систем што во целост го следи клиентот. Нашата апликација го нуди токму тоа, обединување на сите податоци за секој клиент, како и сите акции што се преземени врз клиентите во рамки на процесот на collection“, вели Никола Гагиќ, партнер и извршен директор во компанијата.

Првиот софтвер го продале во 2014-та година на норвешки инвестиционен фонд што тогаш ги откупил ненаплатените побарувања на тогашна Хипо банка во Хрватска. За брзо време, софтверот го купиле и виетнамските банки VP Bank и VP Bank AMC.

“Колку софтверот и ја олесни и подобри наплатата на побарувањата говори и податокот дека успеале наплатата да ја подобрат за дури 500%. Тоа нам ни е најдобра референца“, вели Гагиќ.

Апликацијата, исто така, им помага на банките да ја зголемат и унапредат продажбата на своите услуги и ги анкетира клиентите за сите видови на услуги што банката ги нуди.

Фото: Pexels