Како успешните луѓе остануваат на врвот?

261

Луѓето на раководните позиции донесуваат одлуки за долгорочни организациски планови, менаџерите одбираат соодветни проекти за различни сектори, додека членовите на тимот донесуваат одлуки како да ги распоредат дневните активности и да ги завршат задачите навреме.

Но, што е она што успешните го прават различно од другите за да се задржат на врвот? Експертите велат дека постојат три карактерни особини што ги поседуваат само најдобрите лидери.

Избегнување на психолошки замки

Екстровертноста, самодовербата и високиот коефициент на интелигенција се за пофалба, но постојат ситуации кога лидерот треба да се повлече и да им даде и на другите шанса да се покажат и докажат. Секој тим сака хармонија и единство, но понекогаш малку спротивставени мислења можат да доведат до поголема креативност и подобри решенија. Добриот лидер е задолжен и умее да создаде токму таква работна средина.

Градење на ефективен тим

Една од најголемите тешкотии со којашто лидерите се соочуваат е градење на ефективен тим, односно каков профил на луѓе најмногу би придонеле за работата. Тајната на успешните луѓе е да направат група каде ќе бидат вклучени различни личности со различни вештини. Ако имате тим каде секој размислува на сличен начин, за секоја задача ќе добивате една идеја. Иако ќе има несогласувања во тимот, лидерот знае дека токму тоа може да биде здрав начин на напредување.

Препознавање на грешките

Не секогаш однесувањето се совпаѓа со вашето мислење. Понекогаш се случува луѓето да ги променат своите уверувања со цел да бидат соодветни на однесувањето. Од гледна точка на управување, вакви несогласувања можат да се избегнат само ако сте свесни за грешките коишто ги правите (или би ги направиле). Многу луѓе дури и не сакаат да признаат грешка од причина што се плашат дека со тоа ќе покажат знак на слабост. Способните лидери ги препознаваат грешките рано и ги користат како можност за напредок.