Како вашиот бизнис да расте и во криза

24

ceed nagradi

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, на 14 октомври ќе доделува сертификати и благодарници на претприемачи, менаџери и ментори, учесници во Проектот, како и на оние кои изминатата година беа дел од ЦЕЕД бизнис едукативниот клуб и менаџерските програми на ЦЕЕД Македонија.

Настанот ќе се одржи во хотел Александар Палас, со почеток во 19.30 часот и е од отворен карактер за секој кој е заинтересиран за вклучување во глобалната мрежа на ЦЕЕД.

На доделувањето ќе се обратат г-дин Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД, г-ѓа Катарина Штокер, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија, претставници на успешни компании во Македонија. На свеченото доделување ќе присуствуваат преку 500 претприемачи, сопственици на бизниси, менаџери, претставници на компании, луѓе од светот на бизнисот.

ЦЕЕД Македонија веќе осма година игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. Повелете на настанот и дознајте зошто ЦЕЕД Бизнис клубот е најдоброто место за вашиот личен и деловен развој. Слушнете зошто и како вашиот бизнис може да расте и во криза. Запознајте над 400 претприемачи кои се членови на овој ексклузивен клуб. Дознајте какви можности нудат USAID и SECO за претприемачите од цела Македонија. Дознајте кои се новите инвестиции на Фондот за микро компании. Слушнете зошто постојат бизнис клубовите во светот и Македонија…

ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 13 земји. До сега, преку програмите на Центарот успешно поминале 1.252 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.