Како VR им помага на децата со аутизам да го сфатат реалниот свет

71

Институција за деца со посебни потреби во Англија користи очила за виртуелна реалност (virtual reality VR) за да им помогне на учениците да учат за надворешниот свет.

Персоналот се надева дека паметната технологија ќе им помогне на децата да се прилагодат на реалноста, но исто така да уживаат во прекрасни искуства како што се виртуелно скијање и нуркање во длабочините на морето.

Лицата со аутизам стресно ги доживуваат новите и непознатите ситуации.

Во училниците откриваат како изгледа качувањето во авион или посета на трговски центар, пишува New York Post.

“ Децата со аутизам имаат проблеми со интензивни стимули кои доаѓаат од надворешниот свет. Непознати појави можат да ги вознемират кога ќе се сретнат во реалноста. Нашите ученици го сакаат она што го знаат и е дел од нивната секојдневна рутина.  VR очилата им помагаат да се сретнат со реални искуства и полесно да го надминат шокот на непознати места “, вели професорот по компјутерски науки Нуно Гуереиро, во школата Prior’s Court School .

Училиштето го посетуваат 95 млади луѓе со аутизам. Многу од нив немаат развиени вештини за говорење и не комуницираат со други луѓе.

Фото:Pexels