Како вработени во Starbucks се спасија од коронавирусот?

91

Откако една жена заразена од коронавирус  посетила кафетерија на Starbucks во северен Сеул, 27 лица беа позитивни неколку дена подоцна. Но, четворица вработени кои носеле маски не ја добиле инфекцијата, пишува Bloomberg.

Избувнувањето на епидемија на осми август во јужнокорејскиот град во покажува дека маските може да бидат поефикасни отколку што се мисли, и колку лесно вирусот се шири во затворен простор, каде има многу луѓе.

“Ова кажува многу за улогата што може да ја игра маската“, вели Ма Санг Хјук, педијатар специјализиран за заразни болести во болницата Changwon Fatima во Јужна Кореја.

„Маските можеби не обезбедуваат 100% заштита, но немаме ништо друго што би било поефикасно“, вели  докторот.

Фото: Facebook