Какви даночни стапки имаат земјите од поранешна Југославија?

97

Порталот Seebiz направи анализа на неколку видови на даноци и нивното движење во земјите од поранешна Југославија. Предвид се земени: персонален данок на доход и социјални придонеси, данок на добивка на правни лица и данок на додадена вредност, а се опфатени шест земји: Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.

Персонален данок на доход и социјални придонеси

Србија – 10% (дополнителни 10% на дел од годишниот нето доход меѓу 25.000 и 75.000 евра, 15% на дел од годишниот нето доход над 75.000 евра).

Словенија – 16% за годишна основица од 8.500 евра (ако основицата е поголема од овој износ до 50% за годишна основица над 72.000 евра).

Хрватска – 24% на годишен приход до 50.000 евра, до 36% на годишен приход над 50.000 евра (при пресметка на годишниот приход предвид се земаат даночните одбитоци и даночни олеснувања).

Босна и Херцеговина – 10%

Северна Македонија – 10%

Црна Гора – 9% на заработка до просечната, 11% на дел од заработката што е над просекот.

Социјални придонеси (на товар на работодавачот, а основицата е бруто платата):

Србија – 36,55% до месечна бруто плата од 3.500 евра, над тој износ не се плаќаат

Словенија – 38,20%

Хрватска – 36,50%, со тоа што придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од 20% се плаќаат најмногу до месечна основица од 7.000 евра

Босна и Херцеговина – Федерација БиХ 41,50%, Република Српска 32,80%

Северна Македонија – 28% до месечна основица од 16 просечни плати, над тој износ не се плаќа

Црна Гора – 32,30% со тоа што придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од 20,50% се плаќаат најмногу до годишна основица од 53.858 евра.

Најниска даночна стапка има Црна Гора, но анализирано заедно со придонесите за задолжително социјално осигурување, најмало даночно оптоварување има Северна Македонија.

Данок на добивка на правни лица

Србија – 15% со тоа што ефективната стапка може да биде пониска доколку фирмата исполни одредени услови

Словенија – 19% (инвестициони и пензиски фондови може да се ослободат од плаќање данок ако исполнат одредени услови)

Хрватска – 12% за обврзници со годишен приход до милион евра, а за останатите 18%

Босна и Херцеговина – 10% независно од висината на приходите

Северна Македонија – 10% со тоа што компаниите со годишен приход до 500.000 евра може да се ослободат од плаќање данок, додека компаниите со приход меѓу 500.000 и 1.000.000 евра може да изберат данок од 1% од остварените приходи.

Црна Гора – 9% независно од висината на приходите

Црна Гора има најниска стапка на данок на добивка на правни лица. За компаниите со годишни приходи до милион евра, а во зависност од апсолутниот износ на добивката, Македонија е најповолна, анализира Seebiz.

Данок на додадена вредност

Србија – општа стапка 20%, посебна стапка 10%

Словенија – општа стапка 22%, посебна стапка 9,50% (5% на книги и весници)

Хрватска – општа стапка 25%, посебна стапка 13% (5% на леб, млеко, одредени книги и дневни весници, научни списанија, одредени лекови и влезници за кино)

Босна и Херцеговина – општа стапка 17%, нема посебна стапка

Северна Македонија – општа стапка 18%, посебна стапка 5%

Црна Гора – општа стапка 21%, посебна стапка 7%.

Босна и Херцеговина има најниска, а Хрватска највисока општа стапка на данок на додадена вредност.

Фото: Freepik