Какви хотели преферираат домашните, а какви странските туристи во земјава?

34

Бројот на туристи во јануари оваа година достигна 28.102, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има пад од 12,1%, а кај странските има намалување за 69,8%.

Па така, во јануари земјава ја посетиле 10.701 странски турист. Од нив 23,9% (2.552) се од Косово, 20,3% од Албанија (2.169) и од Србија 9,5% (1.021). Од вкупниот број странски туристи, дури 10.404 биле сместени во хотели. Најголемиот дел од нив или 4.424 преферирале хотели со пет ѕвезди, 3.335 странски туристи биле сместени во хотели со една ѕвезда помалку, додека во хотели со рангирани три ѕвезди престојувале 1.853 странски туристи во јануари.

Од друга страна, во првиот месец од оваа година, бројот на домашни туристи е 13.547, од кои најголемиот дел или 6.520 биле сместени во хотели со четири ѕвезди. Во хотели со пет ѕвезди престојувале 2.767 домашни туристи, а во оние со три ѕвезди во јануари биле сместени 2.332 туристи од земјава.

Странските туристи во јануари најмногу престојувале во Скопје (4.645), на езерските места биле 2.785 туристи, додека планинските места во земјава ги посетиле 1.547 странци во земјава.

Домашните туристи, пак, во јануари најмногу се фокусирале на планинските места во земјава (6.931), а езерските места ги посетиле 4.431 домашен турист.

Фото: Pexels