Какви кандидати за работа избира Гугл

74

Google има исклучително добро развиени сектори кои вработуваат и оценуваат нови кандидати.

Затоа е многу интересно да се погледнат препораките кои тимот на Google ги проследил до LinkdIn, реномирана платформа за вработување и споделување деловни информации.

LinkedIn секоја година објавува листа на компании кои според нив се најдобри за напредокот на вработените, што беше случај со оваа 2022 година. Google неминовно и сега е на врвот, веќе неколку години. А препораката на тимот кој се занимава со персоналот на оваа компанија ќе ви каже зошто.

Што вели Google?

Првите четири точки од препораката изгледаат вака:

-Не обрнувајте многу внимание на формалното образование, туку барајте вештини и способности. („Гугл не бара факултетски дипломи“)

-Побарајте од потенцијалните вработени да имаат „општи интелектуални способности“
(„Најбараната способност е когнитивната способност, способноста за решавање проблеми… Кандидатите треба да покажат исклучителна способност да решаваат проблеми со кои досега не се сретнале, што го сметаме за најдобар показател и предиспозиција за успех“)

-Барајте кандидати кои се подготвени да растат и учат, ментална структура која оди подалеку, „без разлика дали тие штотуку почнуваат или имаат долгогодишно работно искуство зад себе“.

-Барате луѓе кои се подготвени и способни да ги преминат границите кои првично им се поставени. („Сакаме вработени кои ќе преземат нови предизвици и ќе преземат нови одговорности со текот на времето. Прашалниците и другите алатки на интервјуата за работа укажуваат на постоењето на оваа способност.“)