Какви планови има српскиот претприемач со хрватски Краш?

83

Српскиот бизнисмен, Небојша Шарановиќ, кој поседува 25,6% во кондиторската фабрика Краш од Хрватска, вели дека купува акции во компанијата во свое име бидејќи верува во нејзиниот потенцијал, пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку, Шарановиќ е сопственик на кипарската компанија Kappa Star Limited, под чија капа има неколку компании од Србија, меѓу кои се Jaffa и Banini.

“Досега во Краш вложивме повеќе од 45 милиони евра. Многу веруваме во правниот систем на Република Хрватска и сметаме дека малцинскиот пакет може да биде профитабилен и затоа сме спремни да партиципираме во Краш со малцински удел“, вели тој.

По повод некои неофицијални информации, ако стане мнозински сопственик на Краш, би го преместил производството во Србија или ако остане во Хрватска ќе отпушти многу вработени, Шарановиќ вели дека тоа се “злонамерни толкувања и целосна невистина“.

“Во кариерата досега имав шест фабрики и ниту една кога била преместена не е затворена. Верувам во производството и затоа инвестирам во оваа индустрија. Најголема вредност на Краш се неговите експерти и вработени, бидејќи никој друг на светот не знае да произведе Бајадера или Гриоте и други брендови што се произведуваат во Загреб“, вели Шарановиќ.

Фото: Facebook