Какви природни ресурси има земјава?

942

Македонија содржи неколку природни ресурси, вклучувајќи скапоцени метали, како што е злато, сребро, железна руда, бакар, манган и олово. Други значајни ресурси на земјата се обработливи земјоделски површини и земјоделски производи, како што се тутун, грозје и зеленчук, пишува World Atlas.

Бакар и злато – земјава, како што се наведува, има долга рударска историја. Меѓу металите што можат да се најдат во земјава се токму бакар и злато. Македонија располага со околу 79.030 килограми злато и 510 милиони тони бакар.

Олово и цинк – овие два метала се едни од највредните ресурси со коишто располага земјата.

Јаглен – Македонија е значаен производител на лигнит со над 2,5 милијарди метрички тони. Тоа е главниот ресурс за производство на електрична енергија во земјата.

Обработливо земјиште – земјоделието, според World Atlas, игра важна улога за македонската економија. Тоа е трет по големина сектор и придонесува за извозот на земјата. Меѓу културите што се најзастапени се: пченица, тутун, зеленчук, грозје.

Шуми – овој сектор, како што се наведува, е занемарен поради ограничениот придонес во бруто домашниот производ. Податоците говорат дека со шуми се зафатени околу 950.594 хектари или 37% од вкупната копнена површина на земјата.

Фото: Pexels