Какво ќе биде балканското небо кога ќе помине пандемијата

47
Airplane Aircraft Travel Trip

Видан Рамусовиќ од Словенија и Ивана Сретеновиќ од Црна Гора на крајот на декември купија билети од Montenegro Airlines, не размислувајќи дека на денот на летот нема да може да се качат на авион бидејќи авиокомпанијата веќе нема да постои, а уште помалку дека никој нема да ги извести за тоа.

Ивана на 23-ти декември на сајтот на Montenegro Airlines купила повратен билет на релација Тиват – Белград и го платила 105 евра. Но, кога на 26-ти дошла на аеродромот во Тиват се обидела да добие билет, но таму дознала дека тоа не е возможно. Еден ден претходно, на 25-ти декември на сајтот на Montenegro Airlines ништо не асоцира дека оваа компанија згаснува, но на Facebook профилот компанијата објавува дека од 26-ти декември го запира планираниот сообраќај, пишува ВВС на српски јазик.

“Шалтерот на Montenegro Airlines беше затворен, вработените стоеја напред, беа вознемирен со солзи во очите“, вели Ивана.

Во Белград морала да оди поради закажани обврски, а одложување на патувањето не доаѓало предвид ни поради ПЦР тестот што веќе го направила.

“Беше само прашање на време кога државата повеќе нема да може да го финансира Montenegro Airlines“, вели Лука Поповиќ, автор и основач на сајтот Ex Yu Aviation.

Тој, меѓу другото вели дека, долговите на преостанатите две национални авиокомпании на Балканот, српската Air Serbia и хрватска Croatia Airlines, како и националните компании што банкротираа од распаѓањето на Југославија до денес, може д се мери во милијарди евра.

Надвор од границите на Балканот, во Европа, поголемиот дел од националните превозници се приватизирани или државата има малцински удел во нив.

Во последните 30 години, од распаѓање на Југославија до денес, на Балканот исчезнаа или пропаднаа околу 50 национални и приватни авиокомпании. Секоја од новонастанатите држави по распадот на Југославија во одреден момент имале своја национална авиокомпанија, а до 2020 година останаа само две.

Со гаснење на Montenegro Airlines, на балканското небо летаат само Air Serbia и Croatia Airlines. И двете компании добиле државна помош за да ги надминат проблемите што им ги донесе пандемијата.

Македонскиот авиотранспорт во 2009-та година заминува во историјата, а денес, пред почетокот на пандемијата, од Македонија се летало до 40-тина дестинации.

“Северна Македонија одлучи да ги поддржи нискобуџетните компании, наместо парите да ги дава на национален превозник“, вели Поповиќ, кој смета дека инвестирањето во нискобуџетни линии има и свои недостатоци, бидејќи таквите компании обично летаат до оддалечени аеродроми.

Фото: Freepik