Калифорнија ги забрани малите пластични, тоалетни пакувања во хотелите

27

Калифорнија донесе закон со којшто се забрануваат пластичните, малечки пакувања на шампони, сапуни, гелови и слично што вообичаено се нудат во хотелите.

Xотелите со повеќе од 50 соби мора да го применат ова правило до 2023, а оние со помалку од 50 соби до 2024 година, пишува Tree Hugger.

Доколку законот се прекрши првичната казна е 500 долари, по што ќе следува казна од 2.000 долари за секој нареден прекршок. Чекорот е дел од поголем проект на државно ниво со цел да се намали пластичниот отпад.

Во угостителството ова веќе стана и тренд. Пред неколку месеци хотелската групација InterContinental и Marriott International рекоа дека ќе ги елиминираат пластичните шишиња од тоалетите во хотелите.

Hilton пак се обврза дека ќе ги топи делумно искористените сапуни со цел да создаде нови.

Фото: Pexels