Камион користи гориво од остатоци од храна

44

ekolosko-kamionce

Британскиот супермаркет Waitrose е прв во Европа што има камион што користи гориво направено од отпадоци од храна, пишува Reuters.

Со помош на ова гориво, камионот може да помине околу 800 километри, без да ја загадува животната средина.

Овие транспортни возила ги изработува шведскиот производител Scania. Со нив може да се поминат над 800 километри со полн резервоар, што е двојно повеќе од досегашниот просек. Тоа е благодарение на резервоарот што е изработен од јаглеродни влакна со што е полесен и може да собере повеќе гас.

Scania во соработка со американската Agility fuel solutions веќе изработи 50.000 вакви камиони, коишто возат низ САД.